Балкан
2. March 2017 - 10:34

„Катимерини“: Вашингтон побара од Анкара да ја смири ситуацијата во Егејското Море

Вашингтон по дипломатски пат побара од Анкара да прифати помалку агресивен пристап, со цел да биде избегната понатамошна ескалација на тензиите во Егејското Море, каква што се забележува во изјавите на политичарите, пишува весникот „Катимерини“. 

Реакцијата на Анкара во врска со американската интервенција не е позната, но дипломатското раздвижување на Вашингтон по повод случувањата во Егејското Море во текот на последниот месец, е знак за значителна загриженост на Американците за евентуален инцидент, што би можел да предизвика дестабилизација на југоисточното крило на НАТО, забележува грчкиот весник.