Катица Јанева веќе неколку часа дава исказ за „Рекет“
Во Обвинителството за организиран криминал речиси четири часа трае распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“, во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање бизнисмени.
Јанева дојде во Обвинителство изутрината околу 10 часот во придружба на адвокатот Стеван Павлески. Во кустата изјава за новинарите рече дека очекува нејзиниот денешен исказ да помогне да се забрза истрагата за „Рекет“.
– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, изјави Јанева.
Досега во Обвинителството искази дадоа тројца обвинители од СЈО, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми. Вчера на распит беше донесен второосoмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.
Катица Јанева и Лиле Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Ново на Сител
-

МВР: Расчистен случајот со опасно управување скутер во Штип | ВИДЕО
-

Автобус се запали на автопатот Велес-Скопје
-

Димитриеска Кочоска на ФБ: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
-

Истрага за осомничен за продажба на кокаин во Тетово
-

ЈОРСМ: Предложен притвор за телесна повреда при семејно насилство во Скопје
-

ФФМ упати осуда за навредливо и недолично однесување на ФК Вардар
-

Кривична за малолетничка од Кочани која психички вознемирувала дете
-

Сообраќајка помеѓу два електрични тротинети во Скопје управувани од 62-годишна жена и малолетник

