Катица Јанева утре се враќа во Шутка - Боки 13 поднел здравствена документација за укинување на притворот
Катица Јанева се враќа во Шутка.. Нејзините адвокати откриваат дека веројатно утре таа ќе го заврши лекувањето во приватаната болница Жан Митрев. Екс шефицата на СЈО, четири дена е на болничко лекување за кое сама ги плаќа трошоците.
Бранителите на Јанева велат дека засега немаат побарано од судија на претходна постапка укинување на притворот заради влошената здравствена состојба. Појаснуваат дека првин ќе ја сочекаат одлуката на Апелациониот суд за поблага мерка за што е понудена гаранција од три станови.
Документацијата за влошена здравствена состојба, Боки 13 веќе ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.. Во меѓувреме обвинителството за гонење организира криминал и корупција го поднесе обвинението за случајот Рекет а во исто време ја продожи истрагата и за Меѓународниот сојуз на Јовановски. Меѓу петтемина осомничени за перење пари, измама и помагање под истрага е и пратеничката Фросина Ременски.
Поради ова, лидерот на владеачката партија најави дека ќе и се се замрзнат партиските функции.. За опозицијата ваквиот потег на СДСМ е фарса.
Освен Ременски, со истрагата на Обвинителството опфатени се и потпретседателката на меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, таткото на Јовановски, Миле и асистентка од сојузот..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар