Македонија
11. August 2019 - 17:00

Катица Јанева следната недела на распит во ОЈО, Рускоска од среда на работа

Шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, в среда се враќа од одмор на работа, потврдија од обвинителството за организиран криминал.

Исто така велат дека сите инволвирани во случајот Рекет ќе бидат повикани на распит, вклучувајќи ја и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, но не откриваат кога тоа точно ќе се случи вели државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски за Сител.

Обвинителката Рускоска се враќа од одмор во среда, а сите инволвирани страни во случајот ќе бидат повикани на распит или сослушани во обвинителството. Поради успешно  водење на истрагата не може да се соопштуваат детали за повикувањето, вели Јовевски за Сител.

Претходно во медиумите беше соопштено дека обвинителката од СЈО Лиле Стефанова пак која е надлежна за случајот Империја во вторник во ОЈО ќе го даде исказот пред обивнителот што ја заменува Рускоска додека е на одмор.

Во разговорите кои изминативе денови ги објави италијанскит весник Ла Верита се вклучи и специјалната обвинителка Катица Јанева во разговорот со бизнисменот Камчев и Боки 13, велејќи дека „не ја држи редовно Лиле под контрола, но дека таа не може ништо без неа“. Јанева потврди дека тоа е нејзиниот глас, но се брани дека со Камчев разговарала службено, преку посредник, и го врбувала да стане сведок-соработник во друг предмет што бил во предистрага.

Лиле Стефанова, обвинителката од СЈО надлежна за случајот „Империја“, јавно изјави дека решенијата со кои СЈО дава согласност за полесни мерки за осомничените ги носела лично Јанева и покрај нејзиното противење. Стефанова тврди и дека Јанева во април побарала „Империја“ да заврши само со надомест на штета за државата, иако Кривичниот законик предвидува затворски казни за делата за кои се сомничат инволвираните.

Досега пак за случајот Рекет, мерка притвор добија само Бојан Јовановски или БОКИ 13 и Зоран Милевски Кичеец.