Македонија
23. March 2016 - 16:43

Катица Јанева: Немам докази во истрагите

Експертската јавост е шокирана од вчерашниот настап на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сметаат дека со изјава дека доказите со кои располага обвинителството во 80 отсто го докажуваат обвинението со кое има намера во иднина да настапи, Јанева признава дека докази нема. Лицитацијата со бројки и проценти според познавачите е надвор од правниот систем и ништо помалку од 100 процентна докажаност на делото и сторителот не може да биде прифатлива за судот.

Експертите и преку социјалните мрежи и порачаа на специјалната обвинителка да ја преиспита својата вчерашна изјава со која ги прогласи сите институции освен нејзината за нелегитимни.

Универзитетската професорка Билјана Ванковска, прашува дали Катица Јанева исто како и претседателот на СДСМ Зоран Заев не ја признаваат државата.

- Дали ми се чини или Катица Јанева индиректно порача дека не ги признава ни собранието, ниту другите институции затоа што биле нелегитимни? Процедурално прашање: од каде таа црпи легитимитет?  Дури сега ја чув целата изјава на Јанева! Ако Заев не признава суд, оваа не признава ни претставничко тело на граѓаните, ни држава! - напиша Ванковска.

Во врска со интелектуалниот, јазичен и правнички капациет на Катица Јанева, Проф. Ванковска смета дека специјалната обвинителка не знае да изрази едноставна мисла.

- Моето мислење за нејзините интелектуални способности останува непроменето! Како може правник, обвинител да не знае да изрази едноставна мисла??? На оваа и’ удрила слава во глава, а уште ништо не направила.

- И професорката по Уставно право Тања Каракамишева е зачудена од вчерашниот настап на Јанева.

- Бидејќи пред два месеца таа самата изрази желба да соработува со македонската правна наука за да ни објасни што ново чула и видела како научно сознание, сега е ред на професорите по уставно право во земјата да ја повикаат Јанева на повторно совладување на градивото од испитот уставно право и политички систем, со посебен акцент на делот за легитимитетот, легалитетот и институциите на системот. Очигледно е дека госпоѓава има сериозно голема дупка во знаењето што и штети на државата.

Експертската јавност смета дека додека Заев ги негира судовите и брои фантомски гласачи, неговата соработничка Јанева се приклучува во неговите ставови со што се отвора пат за обезличување и непризнавање на државата.