Катастрофа: Експлозија во германската хемиска компанија БАСФ, има загинати и исчезнати
Најмалку еден човек загина, шестмина се повредени, а шестмина се водат за исчезнати при денешната експлозија во германскиот комплекс на хемискиот гигант БАСФ во градот Лудвигсхафен.
БАСФ соопшти дека експлозијата се случила околу 11 часот и 30 минути во фабриката „Ландесхафен север“ и предизвикала огромен пожар. Во тек е истрага за причините за експлозијата.
Радио Зјудвеструдфунк јави дека експлодирал танкер, кој се наоаѓал на пристаниште на компанијата на реката Рајна. Пристаништето се користело за товарење на запаливи течности и течен гас.
На местото на несреќата испратени се специјални спасувачки сили. Противпожарната служба предупреди дека е можно во воздухот да се појават опасни материи и да се влоши видливоста во регионот, поради што се апелира до граѓаните на Лудвигсхафен и блискиот град Мајнхам да останат во своите домови. Но, не е препорачана евакуација на жителите.
БАСФ вработува 36.000 луѓе во Лудвигсхафен. Во експлозија на фабриката за амоњак на БАСФ во 1921 година загинаа 600 луѓе, додека при експлозија на танкер во 1948 година загинаа 200, а беа повредени над 3.800 лица.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал