Катастарот со нова услуга за банките, бизнисмените и извршителите

Банките, извршителите и компаниите отсега ќе може да ја користат апликацијата „watch dog“ што ја воведе Агенцијата за катастар на недвижности со која во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот за кој се заинтересирани.
За да се користи оваа услуга потребно е сите заинтересирани професионални клиенти да се претплатат на сервисот со што ќе им биде овозможено следење на сите поднесени барања и промени на имотниот лист.
Новата услуга денеска им беше промовирана на околу 40 компании членки на Стопанската комора на Македонија, а од неа бенефит покрај бизнисмените ќе имаат и банките и извршителите.
- Како Стопанска комора на Македонија сметаме дека со оваа мерка ќе се зголеми правната сигурност и на доверителите бидејќи во секој момент ќе имаат увид во состојбата на имотот кој е ставен како залог, истакна извршниот директор на Комората, Јелисавета Георгиева на денешната прес-конференција.
И од Комората на извршители оценија дека новата апликација ќе биде од голема корист во нивното работење.
- Со апликацијата „watch dog“, извршителот од првиот момент кога би почнал една постапка ќе може да ги следи сите промени. Од една страна ова ќе оневозможи какви било манипулации со недвижноста, а од друга страна ќе се избегнат и одредени трошоци кои би настанале во постапката на извршување доколку навреме не би имале точна информација за тој имот, нагласи Зоран Петрески, претседател на Комората на извршители.
Новата електронска услуга на Катастарот е направена по барање на банките и на извршителите.
- Се работи за апликација која е директно барање од банките и од извршителите и која ќе ја зголеми правната сигурност на имотот за кој доверителите се должни да се грижат во смисла на обезбедување. Се работи за апликација со која било дали е банка, извршител или доверител, ќе може преку електронскиот шалтер да се најави и да го лоцира имотот за кој има правен интерес, рече директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески.
Покрај оваа услуга, Катастарот ги има воведено и Дистрибутивниот геопортал и Регистарот на цени и закупнини кои исто така претставуваат придобивки за компаниите.
Досега, од Агенцијата за катастар на недвижности онлајн преку интернет се преземени над 550 имотни листови, како и други податоци што им се на располагање на граѓаните и на бизнис секторот.
Ново на Сител
-

Од денеска директна авиолинија Виена - Охрид
-

Почнува летото
-

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници
-

Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
-

Иранската нафта ќе биде клучен тест за секој конечен мировен договор со САД
-

Вонредна состојба во Лос Анџелес поради пожар во хала со смрзнати прехренбени производи
-

Бројот случаи на ебопа во ДР Конго достигна 956 инфицирани, 247 смртни случаи
-

Сончево и топло, попладне во северозападните делови услови за ретки грмежи
