Катар воведува нови мерки за борба со тероризмот

Емирот на Катар шеикот Тамим бин Хамад ал Тани синоќа издаде указ со што се воведуваат промени во законот за борба со тероризмот, јави ДПА.
Указот содржи дефиниции за концептите на тероризмот, криминалот, терористички акти, терористички организации, како и положба за замрзнување на средства наменети за борба со финансирањето на тероризмот.
Документот предвидува и создавање на два нови национални листи на терористи и терористички организации, како и постапка за вклучување во овие листи и за оспорување на одлуката за тоа.
На 5 јули Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот.
Тие наложија економски санкции и транспортна блокада за Катар и му поставија 13 услови за нормализирање на односите што и ги предадоа на Доха со посредништво на Кувајт.
Четирите земји се уште немаат добиено официјален потврден одговор.
Во текот на последните две недели неколкумина европски дипломати го посетија Заливот, обидувајќи се да помогнат за решавање на конфликтот, но не беше постигнат успех.
Синоќа, на прес-конференција катарскиот министер за внатрешни работи шеикот Абдула Бин Насер Бин Калифа ал Тани наведе дека има докази оти кибер-нападите врз катарската информативна агенција, сметани за причина за прекинување на односите, дошле од Обединетите Арапски Емирати и биле планирани уште во април.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
