Свет
22. November 2023 - 10:09

Катар се надева дека договорот меѓу Израел и Хамас ќе отвори пат за „крај на војната“

Катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман бин Џасим Ал Тани им се заблагодари на САД и Египет што му помогнаа на Катар да посредува за договорот меѓу Израел и Хамас со кој се предвидува пауза во борбите во Газа.

Ал Тани изрази надеж дека договорот ќе воспостави „сеопфатен и одржлив договор“ кој „ќе стави крај на војната и крвопролевањето“.

Катарскиот премиер, исто така, рече дека се надева оти договорот „ќе доведе до сериозни разговори за сеопфатен и праведен мировен процес“.