Свет
27. September 2015 - 17:14

Каталонија гласа за отцепување

Регионалните парламентарни избори кои денеска се одржуваат во Католонија се доживуваат како  рефендум на кој се одлучува дали овој богат регион ќе стане независна држава или ќе остане во Шпанија.

Право на глас имаат 5,4  милиони  граѓани.  

Двете најголеми сепаратистички парии кои се залагаат за независност на Католонија  креираа заедничка листа на кандидати за пратеници надевајќи се дека ќе  обезбедат мнозинството во  135 члениот парламент.

Доколку ги добијат изборите, лидерите на двете партии порачаа тоа ке им даде право еднострано да прогласат независност во рок од 18 месеци.Според последните анкети тие имаат мала предност пред партиите кои се против отцепување од Шпанија.

Истражувањата на јавното мислење  исто така  покажуваат дека мнозинството Каталонци сакаат да биде организаран рефендум за прашањето за независност, но се поделени околу тоа дали сакаат целосно да се отцепат.

-Сакам да останеме обединети и не сакам да се отцепиме од Шпанија. Ако ние сме биле заедно толку долго, зошто сега? Сакам оваа ситуација да се реши на најдобар можен начин.

Плановите на двете сепаратистички партии за независност, шпанската централно –десничарска влада на Маријано Рахој  ги нарече бесмислици и предупреди  дека ќе го  блокира секој обид на  регионот да  се отцепи од Шпанија во уставниот суд  на земјата.