Каталонците избираат меѓу сепаратистите и приврзаниците за останување во Шпанија

Во Каталонија денеска се одржуваат избори за членови на регионалниот Парламент, на кои од граѓаните се поставени пред избор меѓу партиите што се залагаат за независност и тие кои се за останување во Шпанија.
Изборите беа распишани од страна на властите на Шпанија, откако Каталонците на 1 октомври одржаа референдум за независност, кој шпанската полиција се обиде да го спречи, а потоа на 30 октомври каталонскиот Парламент прогласи независност. Шпанија одговори со суспендирање на каталонската автономија, апсење на дел од каталонските лидери и распишување нови избори.
Според анкетите, ниту една од партиите нема да освои мнозинство во Парламентот и најверојатниот исход ќе биде подолг процес на создавање на владејачка коалиција.
Разрешениот претседател на регионалната Влада, Карлес Пуџдемон, кампањата ја водеше од странство, преку видео обраќања, а неговиот разрешен заменик Ориол Жункерас беше пуштени од притвор кусо време пред денот на изборите.
Партиите кои се залагаат за независност не успеаа да се договорат за заедничка листа, како на претходните избори во 2015 година, кога освоија тесно мнозинство во Парламентот.
Од друга страна, партијата Сиудаданос, која е една од четирите најголеми партии во Шпанија и има своја база во Каталонија, доби на популарност по референдумот за независност. Сиудаданос се залага за останување на Каталонија во Шпанија и ги обвинува сепаратистите дека со своите постапки предизвикале политичка неизвесност и пад на економијата.
Ново на Сител
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
-

Продолжува негативниот прираст - 1 005 помалку родени од умрени во второто тримесечје
-

Мицкоски: Донесовме одлука за намалување на цените на училишниот прибор за да го олесниме товарот врз семејниот буџет
-

Жена пронајдена почината во стан во Скопје
-

16-годишно девојче нападнато од нејзиниот 28-годишен партнер
