Македонија
27. October 2015 - 8:43

Каталог со нови правила за информации за храна

Под мотото „Заеднички да изградиме регистар на македонски производи по светски GS1 стандарди“ денеска ќе биде промовиран новиот лик на GS1 Каталогот, што е комплетно усогласен со новите правила поврзани со информациите за храната и ЕУ-регулативата 1169/2011.

На промоцијата на каталогот која е во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија,  ќе се обратат претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, претседател на Управниот одбор на GS1 Македонија Симон Наумоски  и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.