Свет
22. May 2016 - 13:08

Кастро и Моралес „за напорите на империјалистите“ против Латинска Америка

Поранешниот кубански лидер Фидел Кастро и претседател на Боливија Ево Моралес разговараа на состанокот во Хавана „за напорите на империјалистите да го поништат напредокот на левичарите постигнат во Латинска Америка“.

Кастро и Моралес, кој се наоѓа во дводневна посета на Куба разговараа за настаните во Латинска Америка и „империјалистичките обиди да се поништи политичкиот и духовниот напредок во нашиот регион“, се наведува во извештајот на кубанската телевизија, која не објави ниту, фотографии, ниту снимки од средбата. 

Моралес во петокот на Куба се сретна и со актуелниот лидер и помладиот брат на Кастро, Раул Кастро, а присуствуваше и на потпишување на билатерална спогодба меѓу Куба и Боливија на подрачјето на здравството, образованието, културата и економијата.