-->
-->
Кастратовиќ: На победа и во реваншот
-->

Женскиот ракометен шампион на Македонија ЖРК Вардар во првото четвртфинале од Лигата на шампионите синоќа во Скопје убедливо го совлада норвешкиот тим Ларвик со 34:20. Оваа предност секако на „вардарки“ им дава предност пред реваншот и секако можност за пласман на уште еден „Ф4“ турнир во Будимпешта.
За натпреварот тренерот Индира Кастратовиќ изјави:
- Честитки за девојките одиграа како што се договоривме. И пред почетокот на натпреварот знаевме дека само со силната и агресивна одбрана ќе биде клучот на дуелот. Така и игравме и видовте дека Ларвик вториот гол го постигна во 17.минута. Игравме одлично, а ја имавме и феноменалната Лејно на голот. Но, ова е само првиот дел и не смееме да се опуштиме. Одиме на победа и на гости.
Реванш натпреварот се игра на 10.април (недела) со почеток во 15:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
-

Се нормализира состојбата во западна Македонија по обилните врнежи од дожд
-

Штипските пекари ги „замрзнаа“ цените на лебот и пецивата
-

Иран предупреди: Американската војска и Израел ќе бидат легитимни цели ако САД нападне поради протестите
-

Преглед на вестите од светот
