Кашмир – област за која четирипати војуваа Индија и Пакистан

Кашмир се наоѓа во западниот дел на Хималаи на 1.700 метри надморска висина, во граничниот појас на Индија, Пакистан и Кина. Регионот е поделен помеѓу трите држави, но и покрај тоа често е причина за судири, но и за војни.
Кашмир е најголемата милитаризирана зона во светот каде се воделе војни и погранични судири. И покрај големиот број преговори и обиди за изнаоѓање на решение за спорната област и денес не е постигнат договор помеѓу двете соседни земји, кои располагаат со голем нуклеарен потенцијал.
Индија и Пакистан досега четири пати војувале за Кашмир во 1947, во 1965, во 1971 и во 1999 година. додека во 1962 година почна кинеско-индиски судир, кој заврши со кинеска окупација на регионот Аксаи.
Откако британска колонија Индија во 1947 година стана независна, под притисок на Муслиманската лига е создаден Пакистан, а на поединечни полуавтономни области им беше дозволено сами да одлучат за својата судбина, меѓу кои и на Кашмир.
Тогашниот хиндуистички Хари Синг бара помош од Индија во справување со вооружените муслимански племиња. Набрзо потоа е потпишан документ за приклучување на Кашмир кон Индија, а Њу Делхи распореди војска во регионот. Пакистан протестираше против тоа и денес не го признава Кашмир како дел од Индија.

Втората војна почнува во септември 1965 година пакистанската и индиската армија водеа борби долж нивните граници откако Исламабад се обиде да ги поддржи бунтовниците, кои се бореа за независност на Кашмир. Повторно под притисок на меѓународната заедница истата година е потпишан Договор за прекин на огнот.
Третата војна почнува во 1971 година Пакистан ја обвини Индија дека го поддржува сепаратистичкото движење во Источен Пакистан (Бангладеш). Победата на теренот тогаш ја извојува Индија што доведе до отцепување на Источен Бангладеш од Пакистан и формирање на Народна Република Бангладеш. Третата војна помеѓу соседните држави заврши со примирје познато како Договорот од Шимил, потпишан во 1972 година.
Додека четвртата војна почнува во јули 1999 година кашмирските милитанти ги окупираат врвовите на Каргил, кои се наоѓаат во индискиот дел. Индиската армија успеа да го врати подрачјето под своја контрола.

Кашмир за Индија претставува природна стратешка бариера пред се од Пакистан, но и од Кина. Њу Делхи стравува дека ако Кашмир добие независност врз верски и етнички основи со тоа ќе се отвори вратата за другите индиски региони.
Од друга страна Кашмир и за Пакистан е од витално безбедносно значење, поради двата главни патишта и мрежата железнички пруги во Сархада и во Пунџаб, која се протега долж Кашмир. На територијата на Кашмир извираат три реки кои се од посебно значење за земјоделството во Пакистан.
Марина Илиевска/МИА
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
