-->
-->
Касерес се договорил со Саутемптон
-->
Мартин Касерес нема да потпише за Милан, како што претходно објавија повеќето италијански медиуми, туку тој замина во Лондон.
Уругвајскиот дефанзивец, иако ги мина лекарските прегледи и се очекуваше деновиве да биде претставен како нов член на Милан, сепак, поранешен играч на Барселона, Виљареал и Јувентус, ја одбил понудата на „росонерите“ .
Според информациите кои доаѓаат од Англија, 29-годишниот Касерес наместо во италијанската Серија А, кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Англиските медиуми утринава пишуваа дека Уругваецот преговара со Саутемптон, за конечно попладнево „Скај Спорт“ да излезе со информацијата дека Саутемптон и Касерес постигнале договор за неговиот ангажман, притоа не откривајќи детали од договорот.
Откако минатото лето му истече договорот со Јувентус, веќе половина година Касерес е без ангажман. Со својот последен клуб Јувентус тој освои три шампионски титули во Италија и двапати се радуваше на трофејот но купот на Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости
-
Мицкоски и Меџити го обвинуваат ДУИ за притисоци кон гласачи, Џафери на партиски настан во владиниот мерцедес