-->
-->
Касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп со нов командант
-->
Со церемонијално предавање на военото знаме на артилеријскиот баталјон и со дефиле на единиците, денеска во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше назначен новиот командант на гарнизонот, потполковник Ивица Цветковски.
Цветковски новата функција ја прими од досегашниот командант на гарнизонот, полковник Жарко Ристески. Заблагодарувајќи се на довербата, потполковник Цветковски нагласи дека за него е голема чест, но и одговорност да го води гарнизонот, ветувајќи дека успешно ќе ја извршува мисијата и зададените задачи.
- Ке ги следиме и извршуваме сите наши мисии и задачи и ќе ги унапредуваме односите со локалната заедница, рече потполковник Цветковски.
Според досегашниот командант на гарнизонот, полковник Ристески должноста да се биде на чело на гарнизонот е голема чест и одговорност.
- Чест ми бидеше што девет години бев командантот на гарнизонот. Изградимвме цивионо-воени односи со институциите во регионот кои може да служат за пример во АРМ. Честитки за новиот командант, потполковник Цветковски, изјави полковник Ристески, нагласувајќи дека заминува на нова должност во министерството за одбрана.
На свеченоста во прилепската касарна присуствуваа претставници на институции и на локалната заедница.
Градоначалникот Ристески смета дека беше одличен потегот кога се активираше прилепската касарна, а соработката со гарнизонот е на многу високо ниво.
-Локалната самоуправа и гарнизонот овие години изградија голема соработка. Припадниците на АРМ помагаат и учествуваат во голем број активности, излегувајќи во пресрет на потребите на граѓаните. Одлично соработувавме со досегашниот командант, полковник Ристески, а уверен сум дека така ќе биде и со новоименуваниот командант на гарнизонот, потполковник Цветковски, рече прилепскиот градоначалник Марјан Ристески.
Свеченоста беше збогатена со тактичко-технички збор на вооружувањето и опремата со кои располага единицата при гарнизонот „Мирче Ацев“ во Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија „под вршник“, да се почитуваат препораките за заштита од високи температури
-
Собранието ќе одржи продолженија на три седници
-
Сончево и многу топло, до 42 степена
-
ЦУК: Шест активни пожари и четири под контрола
-
Полицајци од СВР Тетово спречија девојка да си го одземе животот, приведено едно лице поради сомнение за посредување на проституција
-
Гори на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце
-
Европол: Уапсен клучен актер кој стои зад рускојазична платформа за сајбер-криминал во Украина
-
Синер повторно го ангажираше Ферара