Касами: Едногласно одлучивме дека нема услови за избори
Едногласно, сите одлучивме дека нема услови за избори на 12 април. Нов датум за нивно организирање не е утврден, тоа ќе треба да го проценат и кажат правни експерти, изјави претседателот на Движењето Беса, Билал Касами по лидерската средба.
Според него, како и според сите останати лидери присутни на средбата кај претседателот Пендаровски, здравјето на граѓаните во овој момент е најбитно.
-Решивме да се најде механизам за одложување на изборите. Под покровителство на претседателот на државата ќе се повикаат правни експерти кои ќе најдат решение како да се прекинат роковите за изборите и како да се соочиме подобро со оваа состојба. Нема датум кога да се одржат изборите, зашто станува збор за многу комплицирана ситуација. Не знаеме во која фаза е ширењето на коронавирусот, истакна Касами.
Информира и дека веднаш по лидерската средба, кај Пендаровски ќе има консултации со правни експерти. Освен за одложување на изборите, ќе се разговара и за евентуално воспоставување кризна или вонредна состоба во државата.
-Оценивме дека сите, и партиите и институциите, треба да се обединиме околу кризата и посакуваме што поскоро да излеземе од неа и да се вратиме во нормала, дополни Касами.
Ново на Сител
-
Тема на денот со иницијативата „Support Kochani“
-
Дали трагедијата во Кочани ќе ги седнe на заедничка маса политичките лидери?
-
Забрана за употреба на пиротехника во затворен простор и зголемени казни
-
ДУИ: Зошто Владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
6 пациенти се враќаат од лекување во странство
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повика синдикалните лидери да ги објават месечните примања
-
СДСМ обвинува за нов скандал во Министерството за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот