Касами: Денес имав средба со Македон, му подарив еден од глобусите на нашата општина и таблет
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами во својот кабинет го пречека Македон Димитровски, второодделенец од градот кој доби златен медал на светскиот натпревар „Математика без граници“. Од општината и градоначалникот, Македон како подарок доби глобус и таблет, а Касами истакна дека му нуди целосна поддршка и помош да продолжи со успесите на математичките натпревари.
-Денеска имав исклучително интересна средба со малиот Македон од Тетово, кој на само седум години владее неколку јазици, одлично ја познава математиката, историјата, географијата, астрономијата. Дел од своето знаење кратко ни го претстави, а најголем впечаток му остави покажувајќи ни ги сите светски држави, чии знамиња знае и да ги нацрта. Затоа му подарив еден од глобусите кои ги има нашата општина, на што многу се израдува и заблагодари. Тетово се гордее што има вакви натпросечно интелигентни дечиња, кои ги очекува светла и успешна иднина. Треба безрезервно да ги поддржиме и да им овозможиме услови успешно да се развиваат, порача Биљал Касами по средбата со Македон.
Седумгодишниот Македон од Тетово има 134 коефициент на интелигенција. Заврши второ одделение во ОУ „Лирија“ во Тетово.
Ново на Сител
-
Ќе има ли ќар Македонија од евентуално репреговарање со Бугарија? Аналитичарите со спротиставени ставови
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Ристовски најавува нови критериуми за ваучер системот во спортот и строги контроли
-
Поради зголемени безбедносни мерки по нападот во Србија, гужви на ГП „Табановце“
-
Убиство како на филм во Батинци: Напаѓачите избегале со маски, дигнат е хеликоптер
-
Филипче нов лидер на СДСМ покрај бројни сомнежи за изборни злоупотреби
-
Мицкоски: Преспа е завршена работа - со Бугарија пак ќе преговараме
-
Муртезани: Уставните измени ќе се случат, алтернатива нема да има