„Карван на книгата“ во Гевгелија

Во Гевгелија денека почна јубилејниот десетти по ред „Карван на книгата“ на издавачкиот центар ТРИ кој до крајот на месец јуни ќе посети уште неколку градови во Македонија.
Организаторите најавија дека на читателите ќе им претстават и понудат повеќе од 300 наслови кои ќе можат да се купат со попуст до 70 отсто што секако претставува прилика за збогатување на домашните библиотеки.
Најновите изданија на ТРИ како на пример последниот роман на Игор Џамбазов „Умрен човек“, „Боенка за креативен ден“ од Ивана Горичан, „Онлајн девојка“ од Зои Саг и „Чиракот на архитектот“ од Елиф Шафак сигурно ќе бидат доволен предизвик да се поети карванот кој во Гевгелија ќе престојува до 4 јуни.
До крајот на јуни „Карванот на книгата“ ќе ги посети градовите Штип, Прилеп и Куманово.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
