-->
-->
Карпош Соколи остануваат без Зоран Вркиќ
-->

Македонскиот претставник во регионалните кошаркарски АБА и БИБЛ лига, Карпош Соколи ќе остане без хрватскиот интернационалец Зоран Вркиќ.
Вркиќ, поради повреда предвреме го заврши саботниот натпревар на „скоколите“ против ФМП во рамките од АБА лигата, кој нашата екипа го доби по продолжението.
Изразот на неговото лице најавуваше дека се работи за посериозна повреда, а сомнежите се потврдени денеска. По направената снимката со „магнетна резонанца“ констатирано е дека Хрватот има „кинење" на предните вкрстени лигаменти на левото колено, повреда која ќе мора да се третира оперативно, по што ќе следи подолг период на рехабилитација.
Сериозен удар и за амбициите на тимот од Карпош особено ако се земе в предвид дека во овој втор дел од сезоната, играат многу подобро отколку на почетокот.
Вркиќ кој настапи на 21 натпревар АБА лигата, а на кој имаше просечен учлинок од 11.8 поени, 5.2 скока и 2. Асистенции, беше еден од најдобрите поединци во редовите на Карпош Соколи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
