-->
-->
Карпош Соколи го доби дербито со МЗТ Скопје
-->
Кошаркарите на Карпош Соколи постигнаа победа вечерва во дербито на 1.коло од Првата лига откако на гостински терен го совладаа првакот МЗТ Скопје со 85:83 (22:16; 25:17; 23:26 и 15:24). Колективната игра на Карпош Соколи ја донесе првата победа во новото првенство.
Натпреварот во поголемиот дел од првото полувреме беше изедначен, а потоа во финишот гостите направија серија од 13:0 што се покажа како решавачка особено што на полувреме резултатот беше 47:33. Во второто полувреме домашниот тим се обиде да направи пресврт, но освен расположениот Бојан Трајковски немаа други играчи кои ќе донесеа победа.
Најефикасен на дуелот беше Трајковски со 34 поени, додека во редовите на Карпош Соколи најпрецизен беше капитенот Дарко Соколов со 19 поени, а вкупно пет играчи имаа двоцифрен број поени.
Претходно во стартното коло се одиграа натпреварите: Куманово - Работнички 88:91 (по продолжение), Струмица - Охрид 76:90, Кожув - Блокотехна 56:99, Пелистер - Шкупи 80:73 и Фени Индустри - Гостивар 92:96.
фото: www:mztskopjeaerodrom.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ утре избира претседател - зошто Филипче нема ниту еден противкандидат?
-
Нема алтернатива за ЕУ
-
Над 160 веб страници за нелегално онлајн обложување ќе бидат затворени
-
Какви цени нуди Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Aсмир Јахоски во Шутка - Судот ја прифати жалбата на обвинителството
-
Вучиќ: Ќе го уапсиме секој кој ќе предизвика нереди
-
Тема на денот со Љуљазим Фаризи, аналитичар