Карпош - прва општина со Декларација за безбедност на децата на патишта

Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди, општина Карпош потпиша декларација за безбедност на децата на патиштата. Карпош е прва општина во Република Македонија која презема ваков чекор и кој е од големо значење за безбедноста, правилата и практиките во сообраќајот за младите.
- Ученици од десетте основни училишта од општина Карпош ја искажаа својата умна мисла на транспаренти кои ќе бидат објавени на веб порталот savekidslive2015.org...Кампањата има за цел да собере 100.000 потписи од целиот свет, а досега ја потпишале илјадници деца, родители, наставници и политичари, се наведува во соопштението од општина Карпош.
Декларацијата за безбедност на децата на патиштата ја потпиша претседателот на Советот на општина Карпош, Сашо Лазаревски и директорите на сите училишта од општината.
Оваа едукативна активност е во организација на Одделението за образование и Одделението за заштита и спасување при локалната самоуправа.
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
