Карпош доби 100 нови садници

По повод Денот на Општина Карпош, 3 ноември, покрај големиот број активности, денеска Карпош се чистеше.
Вработените во локалната самоуправа заедно со градоначалникот Стевчо Јакимовски, насадија 100 садници во околината на наслебата Карпош 3, а потоа реализираа и редовно есенско чистење.
- По повод Денот на Општината, одлучивме да посадиме дрвца на територија на Карпош 3. Токму тука садиме 100 садници заедно со вработените на Општина Карпош кои денеска ја чистат Општината заедно со членовите на Советот на Општина Карпош. Претходно насадивме 50 дрвца во населбата Тафталиџе 2.300 дрвца во Карпош 4, 1.000 покрај булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. На ред сега е паркот кој се прави наспроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, кадешто ќе бидат засадени околу 200 дрва, рече Јакимовски.
Според него, годинава се засадени околу 1.500 дрвја и ако на тоа се надоврзе Денот на дрвото кога се планира засадување на уште 5.000 по булеварите, парковите, домовите, училиштата и градинките, Карпош дополнително ќе зазелени.
- Оваа година ќе ја завршиме со некаде околу 7.000 дрва насадени на територија на Општина Карпош. Целта е зачувување на човековата средина имајќи предвид дека Општина Карпош е општина која најголем дел сама го одржува зеленилото и хигиената. Денеска е ден кога целата администрација од Општина Карпош се посвети на чиста и здрава општина, истакна Јакимовски и потсети дека локалната самоуправа и покрај тоа што секојдневно се чисти, секоја година врши целосно прочистување, наесен и напролет, од страна на целата администрација.
Ново на Сител
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
-

ЗЈО за реакциите по куќниот притвор за Груби: Партиите и функционерите да се воздржат од јавна реторика со која се нарушува самостојноста на обвинителите
-

Португалците загрижена за ситуацијата во Мексико во пресрет на мартовскиот пријателски натпревар
-

„Пиротехниката веќе беше поставена, не знам кој ја активирал“ – сведочи гитаристот на ДНК
-

Од денес Кичево е град на културата
