Loading Video...
Свет
3. August 2019 - 20:57

Карпа падна врз туристи на популарна плажа во Калифорнија, тројца мртви

Три лица загинаа  при одрон на  карпа на популарна  плажа во Калифорнија. Во моментот на несреќата  плажата  Грендвју во близина на  Сан Диего била преполна со туристи. Делот од карпата долг околу   9 метри  и широк 7, 5 метри паднал од висина од 4,5 метри. Спасувачите спасија 5 лица од под урнатините.  Можно се нови одрони, поради што плажата е затворена.  Одроните ѓ на карпи на плажи во Јужна Калифорнија се  чести но со години немало жртви наведуваат калифорниските власти.