Џет-Сет
17. September 2017 - 13:59

Карлеуша на чело на Геј парадата во Белград, нејзиниот фустан под кој ѕиркаа брадавиците ги воодушеви сите

Јелена Карлеуша пристигна на геј парадата во Белград во стајлинг што ги воодушеви сите.

На самиот почеток, поп ѕвздата им се обрати на насобраните.

-Многу сум горда што сум денеска со вас! Горда сум што сум дел од ова. Не сум политичар, не знам да држам говори, но сметам дека да си роден поинаков не смее да биде цел на напад и нечија омраза. Се надевам дека еден ден ќе можеме да ги научиме децата дека Парадата е нешто за што се боревме, за нивно подобро утре. Ниту еден бог не е против луѓето и љубовта, рече Карлеуша.

Кумата на Парадата доби и подарок од организаторите, и како што ја замолија, веднаш го отвори и се воодушеви.

Симболичната чинија со натписот „Кумата не е копче“, ја воодушеви пејачакта.

Потоа, тргна во прошетка заедно со припадниците на ЛГБТ популацијата.