Македонија
18. April 2016 - 13:39

Карл Билд: Настаните во Македонија се загрижувачки

Загриженост за развојот на настаните во Македонија изрази Карл Билд, поранешен шведски премиер и министер за надворешни работи на својот твитер профил. 

- Развојот на настаните во Македонија е многу загрижувачки. Земјата мора да се врати назад на патот на евроинтеграциите и да ги почитува договорите, вели Билд во твитот објавен синоќа на социјалната мрежа.

Билд важи за добар познавач на состојбите на Балканот. Беше специјален пратеник на ЕУ за поранешна Југославија, висок претставник на Унијата за БиХ, како и специјален пратеник на ОН за Балканот.