Карл Билд: Европо, застани зад Ердоган

Поранешниот шведски министер за надворешни работи Карл Билд упати остри критики на сметка на ЕУ поради нејизниот однос кон обидот за воен удар во Турција на 15 јули и ги повика европксите лидери „да застанат зад“ турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
- Брисел спие или едноставно се уште не е освестен, наведува Билд во својата статија во американскиот магазин „Политико“, насловена „Европо, застани зад Ердоган“.
Според Билд, доколку воениот удар во Турција завршеше со соборување на Ердоган од власт, тоа најверојатно ќе доведеше до граѓанска војна во земјата.
- Во таков случај заедно со два милиони Сиријци, уште неколку милиони Турци ќе се обидеа да побегнат од насилството, хаосот и смртта, упатувајќи се кон Европа, оценува Билд во статијата.
Билд во текстот го критикува Брисел затоа што „му требало време“ за да го осуди обидот за воен преврат во Турција и затоа што веднаш не испратил свои високи претставници во Анкара.
Според Билд, наместо веднаш да отпатуваат во Турција, европските лидери почнале да ги доведуваат во прашање мерките што ги преземаат турските власти по обидот за пуч.
- Доколку рускиот претседател Владимир Путин биде првиот странски лидер што ќе се сретне со Ердоган по пучот, тоа ќе биде голем срам за Европа, заклучува Билд во статијата.
Анкара и Москва веќе најавија дека Ердоган и Путин ќе се сретнат на 9 август во Санкт Петербург.
Ново на Сител
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
-

Панел дискусија на Меѓаши: Треба да се превенира, а не само да се реагира откако ќе се случи врсничкото насилство
-

Тема на денот со Ивица Боцевски, екс вицепремиер и амбасадор
-

Прв сериски убиец за фемицид во Македонија, 4 убиства и два обида за убиство
-

Извештајот за евентуални непотребни операции на срце нема да биде јавно објавен, Алиу го достави до Обвинителството
-

Две барања за оставки по одлуката за „Мазут“
-

Скопје-Софија: Муцунски ја поканил Петрова Чамова на средба
-

Власта со повик до опозицијата да ја поддржи реформската агенда
