Македонија
2. December 2018 - 16:24

Кардиолозите од Градската болница започнаа со вградување на пејсмејкери

Пејсмејкери почнаа да вградуваат и кардиолози во ГОБ 8-ми септември. Први пациенти им биле двајца повозрасни скопјани кои биле примени во тешка состојба со значително намалена срцева функција. Два дена по кардиолошкиот зафат ги пуштиле дома во стабилна здравствена состојба.

-Почнавме со оваа интервенција, вградивме кај двајца пациенти пејсмејкери, тоа е ургентна состојба и бара брза интервенција, вели др. Антонио Антовски, раководител на оддел за кардиологија во ГОБ 8-м исептември.

Од болницата 8-ми септември преговараат со Фондот за буџетот за 2019, за што очекуваат да добијат што повеќе пари за вградување на пејсмејкери. Досега во јавното здравство срцево болните за оваа интервенција биле третирани само на клиниката за Кардиологија.

Кардиолозите велат дека пејсмејкери вообичаено вградуваат кај повозрасната популација, но има и млади кај кои е неопходна ваква интервенција бидејќи имаат бавно отчукување на срцето

До крајот на годината кардиолошкиот тим од болницата ќе вгради пејсмејкери уште кај 8 пациенти.