Кардиналите во Ватикан разговараа за голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата

Кардиналите, кои се собраа денеска во Ватикан, се осврнаа на голем број прашања, вклучувајќи ја и сексуалната злоупотреба во црквата, јавија светските агенции.
Тие разговараа за предизвиците што го очекуваат наследникот на папата Франциск, соопшти Светата столица.
„Говорите се однесуваа на прашања од особено значење за иднината на црквата – односите со современиот свет, евангелизацијата, односите со другите вери, прашањето за сексуалната злоупотреба“, се вели во соопштението на Светата столица.
Во текстот се вели дека било дискутирано и прашањето за квалитетите што новиот папа мора да ги поседува за ефикасно да одговори на овие предизвици.
До датумот на конклавата, кој е 7 мај, кардиналите ќе се состануваат секој ден, освен на 1 и 4 мај, се вели во соопштението. Состаноците ќе започнуваат во 9 часот наутро по локално време.
Ново на Сител
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
-

„Астровирус“ и „шигела“ во дел од примероците на гостиварци
-

Има ли надеж гостиварци да добијат барем техничка вода
-

Водата во Валандово е безбедна, покажаа новите анализи
-

Филипче бара оставки, водата за пиење не била исправна и во болницата во Лешок
-

Граѓаните пријавуваат штети по ураганот во Скопје: Зошто покривите летаа како пердуви?
