Карбинци утре ќе добие фотоволтаици за три објекти
Карбинци е првата општина во источна Македонија што ќе ги добие фотоколектори за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија. Градоначалникот на Општина Карбинци, Јордан Насев за МИА вели дека за утре е закажано пристигнувањето на фотоволтаците кои ги добиваат како грант од Владата, по што ќе следи нивно монтирање на три објекти.
-Фотоволтаците ќе бидат поставени на зградата на Општина Карбинци, потоа на училиштето „Страшо Пинџур“ во село Карбинци и на препумпната станица за вода во село Таринци, што е и еден од најголемите потрошувачи на електрична енергија, вели Насев.
Тој истакна дека со овие фотоволтаци ќе се осветлува, но и системот за затоплување од нафта ќе се преадаптира на затоплување од обновиливи извори на енергија во општинската зграда, истата функција ќе ја имаат и за основното училиште „Страшо Пинџур“. Заштедата на електрична енергија за оваа општина ќе биде околу 20.000 евра, што е и голема сума за една мала општина.
Насев вели дека заштедените средства ќе можат да се искористат и планираат за реализација на низа на проекти во населените места во општината.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
-

11.000 административци до 2028 година ќе имаат за 40% повисока плата
-

Двегодишно дете од Битола по напад од улични кучиња заврши на интензивна нега на Детска хирургија
-

Полицајците бараат еднаков третман на сите пред законот по заканите со тепање и убиства

