Бизнис
9. September 2015 - 8:25

Караванот „Купи куќа, купи стан“ во Охрид

Караванот „Купи куќа, купи стан” продолжува денеска е во Охрид. За поволностите што ги нуди проектот заинтересираните може да се информираат на презентацијата што ќе се одржи во Општината во 17 часот. 

На презентацијата ќе учествуваат и градежни компании од Охрид кои имаат понуда на станови, како и претставници од банките.

Караванот „Купи куќа, купи стан” има цел да го приближи проектот до сите заинтересирани граѓани низ Македонија. Екипата составена од претставници од Министерството за финансии, банките и локалните градежни компании секоја наредна среда ќе посетува различни градови, како Прилеп, Струмица, Велес, Куманово и Тетово.