Карамбол во Скопје: Тешко повреден возач во соообраќајка на две возила и камион

Возач на автомобил е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Васил Чакаларов“ во Скопје помеѓу две возила и камион.
Како што соопшти МВР, сообраќајката која била пријавена во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се случила помеѓу патничко моторно возило „Хонда" управувано од С.И.(27) од Скопје, патничко моторно возило „Цитроен Саксо" управувано од З.О.(38) од Скопје и товарно моторно возило „Ивеко" управувано од И.З.(41) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки. З.О. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Светската банка ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,2% за 2026 година
-

Белодробна чума?: Мистериозна смрт на вработена во анти-чума лабораторија во Иркутск
-

Дронови нападнаа бродови во бугарски води во Црното Море, Радев итно свика седница
-

Епидемија на мали сипаници во Пенсилванија, над илјада заразени
-

Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа
-

Италија ја победи Турција, Франција убедлива против Белгија во 4.коло од Лигата на нации
-

Македонските фудбалери и гостуваат на Швајцарија
-

ЦУК: До 07:30 часот вкупно 46 пожари, седум активни, еден под контрола
