Карамбол во Скопје 16 сообраќајки, 11 повредени

Единаесет лица се полесно повредени во десет од вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.
Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај двајца возачи за управување возило под дејство на алкохол, двајца кои поминале на црвено светло на семафор, 18 возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и 42 непрописно паркирани возила.
Санкционирани се и 38 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјално возило „Пајак“ отстранети се 74 непрописно паркирани возилa.
Од СВР Скопје информираат дека одделението за превенција денеска ќе одржи посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Со цел непречено и безбедно одвивање на ракометниот натпревар меѓу Вардар и Металург во спортскиот центар „Јане Сандански“ денеска од 20:30 часот полицијата ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
-

Секое седмо дете во Македонија пуши цигари и слободно ги купува во продавница
-

Лицата со ретки болести бараат еднакви можности како сите
