Каракачанов го критикува Борисов поради „остриот пресврт“ во неговиот став кон Македонија
Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов го критикуваше поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов во врска со „остриот пресврт“ во неговиот став кон Македонија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Каракачанов, по тоа прашање требало да има единствен став и тој треба да биде национално одговорен. Ова го коментираше за БТВ лидерот на ВМРО и поранешен министер за одбрана на Бугарија во Владата на Борисов, Красимир Каракачанов.
За време на посетата на Софија оваа недела, македонскиот премиер Зоран Заев најпрво се состана со поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој ја префрли одговорноста за започнување на разговорите за членство на Македонија во ЕУ на привремената Влада.
Според лидерот на ВМРО, премиерот на Македонија Зоран Заев бил свесен дека нема да постигне ништо со оваа посета на Бугарија, а неговата цел е да им покаже на другите земји од ЕУ дека Македонија е конструктивна земја, а Бугарија не е.
Ново на Сител
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие
-
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево зафати повеќе делови од земјава
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар