Каракачанов: Бугарија нема да направи отстапки кон Македонија
Во Скопје некој си замислува дека Бугарија ќе направи отстапки поради братски чувства и солидарност. Тие сметаат и дека некој однадвор ќе изврши притисок врз Бугарија. Сепак, ова нема да се случи, изјави бугарскиот министер за одбрана и лидер на партијата ВМРО, Красимир Каракачанов.
Според него, незамисливо е бугарското Собрание да гласа за отстапки и едно такво отстапување од позицијата на Бугарија не би поминало во ниту еден парламентарен состав.
– Ќе видиме што ќе се случи за една недела. Изборот дали ќе бидат дел од ЕУ е нивен. Нема да станат членки на Европската унија со коминтерновско удирање по маса, изјави Каракачанов за бугарската телевизија БТВ.
Тој смета дека Договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија е „доволно добар, но само доколку се почитува“.
– Една година по неговото потпишување тој веќе не се почитува, изјави Каракачанов, додавајќи дека склучувањето на Договорот било услов за прием на земјава во НАТО, а неговото почитување е услов за членство во ЕУ.
Каракачанов тврди дека нема дипломатски притисок врз Бугарија од страна Германија, а што се однесува до САД тој таму „ја објаснил генезата на балканските проблеми, повикувајќи се на американски извори“.
– Пријателството е пријателство, братството е братство, но договорите и доброто однесување мора да се почитуваат. Не сакаме да одиме низ Капали чаршија и да се расправаме чиј е Гоце Делчев, изјави Каракачанов, инсистирајќи на тоа дека Бугарија и бугарскиот народ мора да го бранат националниот интерес.
Тој вели дека Бугарија „не ги принудува Скопје и Македонците да се откажат од својот национален идентитет, но треба да бидат така добри и да го создаваат според фактите дека тој е создаден со оган и меч по 1944 година“.
– До 44-та година историјата е заедничка историја на еден народ. Имаме заедничка историја со Отоманската Империја, со Византија, со ерменскиот народ, но не и со Македонците, додава Каракачанов.
Едно „потклекнување“ пред Скопје сега, би значело проблеми за во иднина, кои би вклучувале и барања за изучување на „измислениот македонски јазик во Ќустендил со тек на времето“.
Ново на Сител
-
Анализа: Дали казните за комуналните претпријатија се решение за Скопје без ѓубре?
-
Тема на денот со Марија Митева, портпарол на Влада
-
Прв пат во Прилеп, втор пат во Македонија се направи специфична операција на главата на радиусот на лакт
-
Азир Алиу избран за нов министер за здравство
-
Нов осомничен за пожарот во „Пулс“
-
Реакции за пиротехника
-
Полицијата го лиши од слобода струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов кој се сомничи за финансиски злоупотреби
-
Обвинителство: Убиството на Вања е чин кој не може да се оправда