Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски
Претседателот на Судскиот совет Зоран Kараџовски денеска пред Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција изјави дека имал службени обврски и не може да каже зошто.
Прашан зошто бил повикан во Обвинителството и дали станува збор за доделувањето на надоместоци, Караџовски рече дека имал обврски во оваа зграда и дека не може да каже во врска со што.
Прашан дали тој ги потпишал надоместоците од 35 проценти за двата месеци изминатата година, Караџовски рече „да, нормално јас сум претседател на Судски совет и претседател на Судски буџетски совет“.
– Одлуката за надоместоците за тие три месеци. Одлуката дека се обезбедени средства и решенијата за исплата на додатоци на плата ги потпишав јас, а за мене мојот заменик, изјави Караџовски.
– Сите министри биле уредно секогаш поканувани, а во наредниот период и со телефонски јавувања и пораки е поканувана лично од моја страна. Ниту еден министер ниту еднаш не беше на седница на судски буџетски совет јас од кога сум претседател на судски буџетски совет. Како член на судски буџетски совет министерот за разлика од членувањето во судски совет е со право на глас, изјави Караџовски.
Kараџоски денеска неколку часа беше во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција.
Дел од медиумите објавија дека станува збор за додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто.
Ново на Сител
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ