Караџовски: Прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања
Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранaт прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.
– Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој дел на државата. Повторувам, доколку е одговорно прославувањето, со почитување на мерките и во домашни услови со луѓе кои ги познавате и луѓе кои со сигурност ги почитувале мерките за носење маска и држење на дистанца во периодот пред прославата. Не е добро да се групираат луѓе. Всушност и целта на овие мерки е да се избегне групирање на поголема група на луѓе, истакна Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање, Караџовски рече дека актуелната состојба со вирусот во моментот е стабилна, но со широко распространета инфекција насекаде во државата.
– Не е во ред оваа моментално подобрена состојба со намалување на 11,4 посто од вкупиот број на позитивни лица во последните 15 дена, да ја расипеме, нагласи Караџовски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади
-

Пријавувањето на соби и апартмани е законска обврска, кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“ презентирана во Дојран
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
