-->
-->
Карабах - Силекс во живо на www.sitel.com.mk
-->
Екипата на Силекс ќе биде првиот македонски тим кој ќе има настап во новата сезона на европските купови.
Македонскиот вице-првак Силекс, во Баку, Азербејџан, ќе го игра натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, против тимот на Карабах.
Азербејџанскиот тим кој е постојан учесник во европските купови важи за фаворит, но тој притисок како и фактот дека се игра само еден натпревар, по кој нема поправен е дополнителен притисок за домаќините. Токму тој притисок ќе се обидат да го искористат фуабалерите на Силекс и да направат изненадување.
„Мора да веруваме во чуда затоа што во фудбалот често истите се случувале. Се игра еден натпревар, желба ми е да бидеме дициплинирани и да бидеме на ниво, а ќе видиме на крај дали ќе бидеме наградени за тоа“, изјави тренерот Горан Симов.
Натпреварот, Карабах – Силекс ќе започне од 18 часот, а истиот ќе може во ЖИВО да го гледате со коментар на нашата веб страна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица