Капушевски и Јахоски во текот на денот ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка

Приведените бизнисмени Ратко Капушевски и Асмир Јахоски се уште се во полициска станица и се очекува во попладневните часови да бидат изведени пред Судија на претходна постапка. Според информации на Сител, МВР ја доставило кривичната пријава до јавниот обвинител од Организиран криминал и корупција и во моментот се подготвува наредбата и барањата кои ќе бидат изнесени пред судијата.
Во вчерашната акција на Бирото за јавна безбедност и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција приведени се повеќе лица меѓу кои и сопствениците на Пуцко Петрол и РКМ. Според неофицијални информации, станува збор за злоупотреби при набавка на мазут од сомнително потекло и квалитет. Претпоставките се дека мазутот бил увезен со високо ниво на сулфур и тешки метали што се закана за загадување на водата и почвата, но и за здравјето на луѓето.
Според неофицијални информации, увозниците се сомничат и за оштетување на буџетот за околу 10 милијарди денари, или 160 милиони евра.
Пуцко Петрол е компанија која често добива тендери од јавните институции за набавка на горива. РКМ на Капушевски, пак, според евиденцијата на Бирото за јавни набавки има добиено само еден тендер за набавка на мазут во вредност од околу 40 милиони евра, но според истражувања на медиумите, тој во енергетската криза ја снабдувал државата со околу 188 илјади тони мазут, во вредност од 112 милиони евра.
Засега не се знае кое дело ќе им биде ставено на товар на осомничените. Детални информации за вчерашната акција се очекуваат кон крајот на работниот ден.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
