Ракомет
29. April 2019 - 19:50

Капитенот спречи сензација во првенствениот дуел со Металург

Младите ракометари на Металург одиграа извонреден меч против шампионот Вардар во рамките на Супер лигата на кој беа поразени минимално со 32-31.

                Гостите од Автокоманда на овој првенствен меч беа на прагот на сензација откако одлично го одиграа првото полувреме и обезбедија предност од 18-15. 

                На почетокот на вториот дел  Вардар предводен од расположениот Стоилов фати резултатски приклучок но Металург не го даваше водството  по добрата игра на Танкоски.

                Во последните минути од мечот двете екипи се менуваа во водство а Металург беше на прагот на победа откако поведе со 31-30 но тогаш на сцена повторно стапи капитенот Стоилов и со неговиот гол Вардар ја извојува тешката победа, трета во плеј-офот по три одиграни кола додека на Металург ова му беше втор пораз.

                Вардар за неколку дена го очекува реванш мечот од лигата на шампионите со унгарскиот ПИК Сегед а по убедливата победа во Скопје со 8 голови предност во тимот  на најдобрите по првата четвртфинална фаза место обезбедија Днаис Криштопанс и Игор Карачиќ.  Тука се уште и Генсхајмер од ПСЖ, Кулеш и Јанц  од Киелце, Фабрегас од Барселона и Миклер од Веспрем.