Loading Video...
Ракомет
3. May 2020 - 16:00

Капитенот Никола Митревски „сигурно“ го напушта Еурофарм Пелистер

 
 
 
Капитенот на битолскиот ракометен клуб Еурофарм Работник, Никола Митревски најавува дека сигурно следната сезона нема да биде дел од оваа екипа. 
 
Еден од најдобрите поединци во битолскиот колектив Митревски кој зад себе имаше фантастична сезона, како во дресот на Ерофарм Работник со кој настапи на два фронта во Лигата на шампионите и СЕХА лигата, така и во репрезентативниот дрес на Македонија, што не остана незабележано од повеќе европски екипи. 
 
34-годишниот голман има повеќе сериозни понуди, кариерата да ја продолжи како интернационалец, па најавува дека нема до остане во родната Битола, односно нема да го продолжи договорот кој му истекува летово. 
 
Впрочем, битолчанецот кој кариерата ја започна во родниот град, а а настапуваше и освојуваше титули уште со Вардар и Металург, минатото лето се врати во Македонија, по одличните настапи во Бенфика и Доброгеа Суд.
 
Ова ќе биде веќе четврти ракометар кој го напушта битолскиот клуб, откако претходно заминаа Јотиќ, Остроушко и Шевелев.