Спорт плус
26. April 2022 - 19:58

Капитенот Ѓорѓиев освои шампионска титула со Љубљана

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев ја прослави шампионската титула освоена со екипата на Љубљана во шампионатот на Словенија. Ѓорѓиев и неговите тимски колеги во финалето од плејофот убедливо со 3-0 го совладаа тимот на Калцит и за првпат во историјата на Словенија го освоија големиот пехар без ниту еден пораз. Македонскиот репрезентативец беше најдобар на теренот со 18 поени.