Капитален проект во Скопје: Подземна сообраќајница кај Стара железничка станица

Градежната компанија Лимак најавува дека наскоро ќе почне изградбата на комплексот кај Старата железничка станица вклучително и тунелот кој треба да го олесни сообраќајот.
Како што соопштуваат од компанијата проектот го помина периодот на планирање, така што ќе се гради современ, атрактивен, мултифункционален деловно - резиденцијален комплекс кој ќе има за цел да го спои симболот на градот - Старата железничка станица со модерните потреби и животни навики на граѓаните на Скопје.
Тунелот ќе биде двонасочен коловоз во 6 ленти со должина од 800 метри, ќе го дислоцира булеварот Македонија под земја и во голема мера ќе придонесе за олеснување на сообраќајниот метеж во Скопје.
Станува збор, наведуваат од компанијата, за модерна подземна улица, налик на европските метрополи која од двете страни ќе биде поврзана со новите кружни текови кои се планираат во овој дел од градот.
Површината на вкупниот проект ќе биде околу 300.000 квадратни метри. Комплексот ќе вклучува околу 1.000 станови во 20-катни згради со по 1, 2 или 3 спални соби, канцеларии, трговски центар, хотел, простор за слободни културни активности каде ќе биде сместен Музејот, ќе има места за јадење и пиење, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет за околу 2.000 автомобили.
Постоечката зграда на Музеј на град Скопје, како што појаснуваат, која се планира да биде возобновена од градските власти, ќе биде умешно вградена во рамки на комплексот.
Ново на Сител
-

Мелиса Прошева ги демантира изјавите на адвокатот Зафировски, тврди дека се обид за спас на обвинетиот
-

Спречена трагедија: Спасени три момчиња кои ги однела реката Треска
-

СП 2026: Можно е одложување на финалето на Мундијалот
-

Втора македонска ракометарка во дресот на Црвена Звезда
-

Одземени шест возила и недвижен имот од Александар Лазаров од Кочани, поради сомнение дека се нелегално стекнати
-

Пожар во парк шумата „Гази Баба“
-

Апелација ги потврди доживотните казни за убиството на Вања и Панче и ја укина ослободителната за Александар Ѓорчевски
-

Стевче Јакимовски доброволно замина во затвор
