Капиштец: Од балкон фрлил цело тенџере варени шпагети | ФОТО
Несекојдневна случка денеска во скопската населба Капиштец. Станар од зграда чии балкони гледаат накај парк сред бел ден од неговиот балкон фрлил цело тенџере варени шпагети и веднаш се сокрил, пренесе порталот ММС.
Луѓето кои во тој момент поминувале и оние кои седеле на клупите во паркчето биле шокирани од односот на несовесниот станар.
На приземјето на зградата има и продавници што значи дека е прометно и дека некој можел да биде погоден од полно тенџере варени шпагети.
Жители на населбата велат дека тоа не е прв пат од оваа зграда место во канта ѓубрето да го фрлаат од тераса. Велат се фрлале и табли јајца, отпушоци од цигари, остатоци од друга храна како и коски.
„Кој вели дека во Капиштец живеат граѓани?“, „Им се смеат на тие од село, а тие се поголеми граѓани од сељациве во Капиштец“, „Простаци“… се само дел од коментарите на граѓаните кои биле сведоци на оваа случка.
Ново на Сител
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности
-
Преговори Русија-Украина, без Путин и Зеленски
-
80 годишнина од кодификацијата на македонскиот јазик
-
Македонија останува атрактивна за странците
-
Вработен сум додека студирам - дали ги губам студентските права?
-
Преглед на вестите од светот
-
Протест на Кулакови против пресудата за Васил