Капетанот уапсен поради несреќата во Дунав и претходно предизвикал судар
Украинскиот капетан на крузерот, кој се судри со помал брод со туристи на Дунав минатата недела, бил капетан на брод во Холандија кој предизвикал несреќа во таа земја во април, соопшти унгарското Обвинителство.
Во соопштението се наведува дека е утврдено дека капетанот „ги избришал податоците од својот телефон” по сударот во Будимпешта.
Адвокатите на уапсениот капетан велат дека „тој е длабоко потресен од тоа што се случи”, меѓутоа додаваат дека не направил никаква грешка.
Унгарската полиција соопшти дека се извлечени уште тела од Дунав, со што бројот на загинати во судирот на туристички брод и крузер во Будимпешта се зголеми на 19 лица.
Осум јужнокорејски туристи и еден член на екипажот и натаму се водат како исчезнати.
Само седум туристи ја преживеаја несреќата, што се случи на 29 мај.
Локалните медиуми јавија дека туристичкиот брод во наредните денови би можел да биде извлечен од водата со голема дигалка.
Ново на Сител
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго