-->
-->
Капело: Проблемот на Реал се вика Роналдо
-->

Навивачите на сплитски Хајдук планираат да го прекинат квалификацискиот натпревар меѓу Косово и Хрватска, кој в четврток ќе се одигра во Скадар, Албанија.
Навивачката група „Торцида“ подготвува акција, со која ќе го прекине натпреварот Косово-Хрватска, потврдил за Јутарњи лист, комесарот за безбедност при Фудбалскиот сојуз на Хрватска, Мирослав Марковиќ.
„Тоа не се гласини или шпекулации, туку информации кои со оперативна работа ги собираме од сите страни. Кога тие од повеќе места ќе бидат потврдени тогаш ние го информираме организаторот. Не сакаме да излегуваме во јавноста со повеќе детали, за да не ја попречиме работата на полицијата, но доколку секој го одработи онака како што треба својот дел, тогаш нема да има никакви проблеми“, рекол Марковиќ.
Тој дополнил дека за безбедноста ќе се грижат албанската и косовската полиција и дека верува дека инцидентите ќе бидат сведени на минимум.
„Постои информација дека се планираат инциденти, но јас не можам да кажам колку е сериозна. Имаме добра соработка со полицијата“, порачал Марковиќ.
Навивачите од Сплит еднаш веќе успеаја да прекинат меч на Хрватска. На Европското првенство во Франција, во Сен Етиен, тие на неколку минути предизвикаа прекин на натпреварот Хрватска-Чешка (2-2).
Пред тој натпревар постоеле најави дека се планираат инциденти кои потоа се покажаа како вистина.
Мечот Косово-Хрватска во Скадар, в четврток, ќе започне во 20:45 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тензично во Собрание меѓу ДУИ и спикерот Гаши
-

Стоилковиќ: Општините се соочуваат со недостиг од кадар, стартува проект за студентска пракса
-

Мисајловски од Штип: Армијата со нова опрема и мисија
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
