Фудбал
27. May 2016 - 13:58

Кантона „удри“ по Дешам, овој тужи!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешам, решил да го тужи Ерик Кантона, поради коментарите кои овој поранешен француски репрезентативец ги упатил на негова сметка.
 
Кантона, кој е е ден од легендите на Манчестер Јунајтед, рекол дека Дешам во националниот тим не ги повикал Хатем Бен Арфа и Карим Бензема поради нивното африканско потекло, иако тие заслужиле да играат на Европското првенство.
 
„Можеби да, можеби не. Дебатата е отворена. Тие се меѓу најдобрите француски играчи, а не се повикани. Дали е тоа случајно? Проценете сами“, рекол Кантона.
 
Тужбата ја поднел адвокатот на Дешам, кој за француските медиуми изхавил дека селектор на една таква репрезентација секогаш мора да го штити својот интегритет.