Македонија
12. December 2021 - 11:07

Кандидатура за претседател на ВМРО-ДПМНЕ поднесе само Христијан Мицкоски

На денешниот редовен 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.

На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател, и тоа од страна на Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција.