Македонија
5. November 2021 - 12:43

Кандидатот за градоначалник на Охрид Гоце Цветковски фатен со марихуана

Гоце Цветковски од охридско Подмоље познат како „Гоце Вегета“ пред три дена од СВР Охрид заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотици.

Во стан во кој престојувал му биле најденидве зип-кесички со „трева“, 21 семка и гранки од канабис. Пријавата е поднесена на 2-ри ноември, но претресот бил извршен многу порано односно уште пред тој да се кандидира за градоначалник. Објаснувањето е дека полицијата го истражувала случајот за да ја состави пријавата.